Аренби пејачката Соланж Ноулс е носечки лик во кампањата на француската етикета ElevenParis за сезоната прoлет-лето 2015. Сестрата на поп-ѕвездата Бијонсе позира пред фотообјективот на Ким Џејкобсен Ту, носејќи ги креациите од новата линија кои се инспирирани од Јоханесбург и Јужна Африка. Моделите се во спортски дух, со впечатливи шари, а доминираат сината, белата и црната.
Нема коментари