Дизајнерот на Mugler Кејси Кадваладер и Ан Софи Јохансон од H&M
Шведскиот моден бренд H&M ја најави следната дизајнерска соработка, овојпат со модната куќа Mugler. Идеен творец на колекцијата Mugler H&M е крреативниот директор на куќата Кејси Кадваладер, кој ќе го отелотвори уникатниот и енергичен дух на Mugler. Колекцијата ќе биде достапна онлајн и во одредени продавници оваа пролет 2023 година.
Брендот H&M скоро две децении претставува дизајнерски колекции изработени во соработка со најголемите луксузни модни куќи на денешницата и овие соработки на еден „хајстрит“ бренд со достапни цени со поскапи модни брендови се сметаат за пионерски. Преку овие колекции H&M на пошироката модна публика ѝ нуди креации со дизајнерски потпис.
Куќата Mugler е основата од Манфред Тјери Муглер, ексцентричниот дизајнер кој во 80-тите години беше славен по неговата авангардна, футуристична и поинаква визија за современата жена.
Нема коментари