По повод Денот на независноста на Израел деновиве беа организирани неколку настани, „Скопско лето“ почна со концерт во Македонската филхармонија со израелски музичари и со харизматичната Дадо Дганит, а Амбасадата на Ирзаел во Македнија одржа и свечен прием во хотелот „Александар Палас“ на кој имав можност да ја погледнам модната ревија на двајца израелски дизајнери, Јанив Перси и Маоз Дахан.
Модната ревија имаше за цел да го претстави современиот израелски моден дизајн, а настанот беше организиран со помош на НенадРадујевиќ, првиот човек на Белградската модна недела. Прво го погледнавме претставувањето на Маоз Дахан и неговиот бренд Nouveau Riche Dog, со машки и женски креации во кои се чувствува уличниот стил.
Елегантни и софистицирани вечерни модели со модерна женственост прикажа Јанив Перси, етаблиран дизајнер кој во моментов твори во Лондон. Перси има богато искуство во светот на модата, работел со Џон Галијано, бил креативен директор во парискиот бренд Apostrophe, а пред да се осамостои и го работи сопствениот бренд, соработувал со модната куќа на Роберто Кавали. Покрај вечерни и венчални фустани, креира и накит, а негови креации се појавиле во повеќе престижни светски списанија и ги носеле славни личности како Џеси Џеј, Алиша Кис, Бијонсе и Никол Шерзингер.
Sophistication and femininity by @yaniv_persy on show at Israeli Reception in Skopje @belgradefashionweek A post shared by stylist.mk (@stylist.mk) on
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари