Модната уредничка Џована Батаља се венча во раскошен фустан од Александар Меквин, долг и каскадни набори, со шлеп и со светкав корсет, но како што доликува на стилска икона, на својата свадбена церемонија смени уште неколку фустани. Италијанската стилистка и уредничка на Vogue се венча викендов на островот Капри, а веселбата привлече голем број на личности од модниот свет. Нејзиниот избраник е Швеѓанецот Оскар Енгелберт, а потпишувањето се случи покрај морскиот брег во близина на светилникот Пунта Карена.
Деновите на славење на италијанскиот остров за Џована беа и денови на модна игра. Пред официјалната венчавка двојката организира вечера за гостите на плоштадот Умберто I и за таа пригода уредничката носеше бел фустан со пердуви од Азедин Алаја. Дента на свадбата на церемонијата на потпишување таа ја носеше спектакуларната тоалета дизајнирана од Сара Бартон за Александар Меквин, а потоа за свечената вечера избра краток фустан со драматична наметка од Џамбатиста Вали во комбинација со високи чизми на врзување. Забавата продолжила на брод, каде што Џована се пресоблекла во златно-сребрен краток фустана од „Прада“.
Нема коментари