Независните организаторки на кампањата #СегаКажувам #TaniTregoj ве повикуваат доколку имате своја или блиска приказна за сексуална злоупотреба или принуда од позиција на моќ и сакате да ја споделите, да го направите со овие хаштагови. Оваа порака ја забележавме кај една независна иницијатива посветена на промовирање на родовата рамноправност. Сè уште не откривме од каде поточно тргна иницијативата, но приказната во текот на денешниов ден се рашири по социјалните мрежи, како повик за жените (но зошто да не и мажите) да споделат немил настан и сексуален напад. Ова е своевиден наш пандан на #MeToo и сличните кампањи што се појавија после повеќемесечните скандали и обвинувања против холивудските, а во последниве денови и против модните моќници. Stylist.mk ја поддржува оваа иницијатива. Време е за реакција, време е за разоткривање, време е за промена, време е за вистинска и системска борба против сексуалното вознемирување и насилство.
Нема коментари