• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
фото галерија 0

Среќен роденден Кејт!

Од Катерина Трајановска · На јануари 16, 2014

Модна икона, супермодел кој му пркоси на времето и трендовите, девојка со совршен личен стил… Кејт Мос денес слави 40 години! Британската манекенка засекогаш го смени лицето на модата и стана еден од главните протагонисти во популарната култура. Нејзиниот старт во манекенството некако се поклопува со почетокот на мојот поаналитичен интерес за модата, па сиве овие години ја следам нејзината работа. Верувате, не беше едноставно да се изберат најважните и најиконични моменти од нејзината долга кариера.

Приказната вели дека е откриена на њујоршкиот аеродром „ЏФК“ од страна на Сара Дукас, сопственичка на модната агенција „Сторм“. Сара ја забежала 14-годишната Кејт како седи на куфер и го чека својот лет за Лондон по семејниот одмор на Хаваи, и веднаш ја ангажирала да работи за нејзината агенција. Следат пробни снимки, фотосесии со Корин Деј, фотографката со која ќе соработува со години, и првиот пробив во вид на насловна страница на алтернативниoт магазин The Face. Модниот свет ја забележа и Кејт почнува да добива сè повеќе ангажмани, а во 1992 година ја фотографира првата насловна за Vogue, онаа за мартовски број за британското издание на овој магазин.

Кејт Мос набргу доживува светска слава, а за нејзиниот подем допринесе и серијата рекламни кампањи за Келвин Клајн, особено оние за фармерките на брендот и за парфемот Obsession снимена со нејзиното тогашно момче, фотографот Марио Соренти. Во следните 26 години следат стотици насловни страници, вносни договори за рекламирање на најважните модни и козметички компании, учество на модните ревии на најважните дизајнери на денешницата, фотосесии со најзначајните фотографи, дизајнирање облека, илјадници текстови изнапишани за нејзината живот и кариера, но многу малку дадени интервјуа… Што и да се случи, а во нејзиниот бурен живот се случија толку многу убави, но и скандалозни моменти, Кејт останува постојана миленичка во модната индустрија и продолжува да инспирира со своите фотосесии и личниот стил. Кејт не е само супермодел, таа е модна икона!

Првата фотосесија на 14-годишната Кејт со Дејвид Рос

Првата фотосесија на 14-годишната Кејт со Дејвид Рос

Насловна на The Face од 1990 година

Првата насловна за Vogue

Првата насловна за Vogue

Фотосесија за француски Glamour сработена со славните Марио Тестино и Карин Ројтфелд (1992)

Александар Меквин прикажува холограм од Кејт Мос во завршницата од неговата ревија во 2006 година

Кејт Мос на фотографија на Корин Деј

Кејт Мос на фотографија на Корин Деј

Се појави на стотици насловни на најважните модни магазини

Во италијански Vogue (1995)

Славната реклама за парфемот Obsession

Француски Vogue (2001)

Со Донатела Версаче и Наоми Кембел

Фотосесија со Марио Тестино (2013)

Во 90-тите беше во љубовна врска со Џони Деп

 

Кејт Мосмодна иконасупермодел
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 1 фото галерија

    Отворен „Лаб дизајн маркет“ во „Лабораториум“ – нов изложбен простор на македонските дизајнери и занаетчии

  • 2 фото галерија

    Носиме УМЕТНОСТ/llevamos ARTE – модниот настан на студентите на ТМФ омаж на Пикасо и шпанската уметност

  • 1 tmf revija фото галерија

    Автентичност тема на завршната модна ревија на студентите на ТМФ

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026
  • 1 K BEAUTY

    Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

    мај 6, 2026
  • Kiki-Ring-1

    Рачна изработка и премиум материјали: YOVA ја лансираше колекцијата „Блосом“ за пролет-лето 2026

    април 27, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026

Убавина

  • 1 K BEAUTY

    Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

    мај 6, 2026
  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026
  • SAKURA FESTIVAL ПОСТ

    Sakura Festival: Kултурно-едукативен настан инспириран од јапонската традиција ќе се одржи во Скопје

    април 17, 2026
  • ???????????????????????

    Отворањето на 54. Мајски оперски вечери распродадено за рекордни 30 минути!

    април 17, 2026

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics