Спортскиот бренд Аdidas се придружи на сите фанфари и комерцијални игри за Св.Валентин и претстави колекција на Stan Smith патиките на кои од страната наместо препознатливите три линии има срце, симболот на љубовта. Adidas одлучи да го игра Купидон со оваа лимитираната серија која доаѓа во две бои – бела (Cloud White) и црвена (Active Red). Брендот ви нуди да ја изразите љубовта со „срцестата“ верзија на класичните патики, а кои ќе се продава од 1 февруари.
Нема коментари