Во мноштвото монохроматски модни комбинации во кои доминира црна, беж, кафена или некоја друга боја, често ја занемаруваме темносината, односно тегет нијансата. Фотографиите од уличната мода откриваат дека стилските ѕвезди не ја игнорираат оваа боја и носат многу шик стајлинзи во кои тегетот ја има главната улога. Капутот во тегет боја можеби не е новост, но повторно се враќа во мода, заедно со мантили, широки сакоа, целосни комплети, плетени фустани, ролки и џемпери во овој тон. Погледнете неколку инспиративни модни комбинации како пример како тегет бојата да ја вклопите во сопствениот стил.
Нема коментари