Ноември од моден аспект значи носење на потопла облека во постудените денови, користење на јакни и капути, чизми и шалови, топли материјали како волна и твид. Во ноември ќе има пониски температури, па облеката ќе ја координираме според времето, но и пригодата. Во есен актуелни се есенските бои, но ако сакате да го разведрите стилот, внесете боја во ноемвриските стајлинзи со помош на јакни, капути или чизми во интензивни нијанси. Тренд овој месец ќе бидат твид-фустани и комплети, кожени панталони, монтки во јака боја, плетен елек и ролка, кариран дезен, трикотажни фустани и здолништа, комбинации со широки панталони и фармерки.
Нема коментари