За неверојатни 12.500 долари месечно може да се изнајми луксузниот стан на холивудската актерка Кирстен Данст во Њујорк. Сместен на поткровјето на зградата на 533 Canal street во Сохо, апартманот нуди удобност со две спални соби, голема бања, пространа дневна соба и плафон висок 3.500 метри. Ѕвездата го купи станот во 2009 година, кога заврши со снимањето на трилогијата „Човекот-пајак“, по цена од 3.09 милиони долари и целосно го реновира.
Зградата во која што се наоѓа пентхаусот е доста популарна меѓу филмските и музичките ѕвезди. Соседи ѝ се фронтменот на Р.Е.М. Мајкл Стајп, режисерот Гас Ван Сент и актерот Кејси Афлек.
Според пишувањето на американските медиуми, Данст го напуштила овој стан за да се пресели во заеднички дом со своето момче, Герет Хедланд, кој го запозна на снимањето на филмот „На пат“.
Нема коментари