Деветтиот филм од научно-фантастичниот серијал „Војна на ѕвездите“ (Star Wars) – „Војна на ѕвездите: Подемот на Скајвокер“, вчера ја имаше својата светска премиера во Лос Анџелес, а на настанот се појавија ѕвездите Харисон Форд и Марк Хемил (препознатливи по улогите на Хан Соло и Лук Скајвокер), како и Дејзи Ридли, Адам Драјвер, Џон Бојега, Оскар Ајзак и Кери Расел. Серијалот филмови почна во 1977 година и повеќе од четири децении овој феномен на популарната култура го предизвикува вниманието на филмската публика. Новото продолжение ја следи приказната на семејството Скајвокер, а во нашите ќе кина ќе се прикажува од 19 декември.
Нема коментари