Модната дизајнерка Стела Макартни родена е во семејство на вегетаријанци. Нејзините родители Пол и Линда ја израснале како вегетаријанец и љубител на животни, а токму тоа воспитување за еколошко оствестување резултира со посебна свест и обликување на начинот на кој ќе го втемели и сопствениот моден бренд. Таа во разговор со Имран Амед од струковното списание Business of Fashion, зборува дека е можно да се изгради луксузен бренд е кој е сосема еколошки, ги почитува правилата на фер пазар и работна сила, и ги следи постулатите за самоодржливост. Тоа го докажува со сопствената модна куќа што го носи нејзиното име, и во која вели дека не користи животински производи (крзно, кожа, пердуви), а успева да врти бизнис со годишен приход од околу 200 милиони долари, се продава во 30 сопствени и 20 франшизни продавници и во 600 други продажни места во 70 држави. И таа успешна еко-приказна Стела ја тера веќе 15 години.
„Педесет милони животни страдаат годишно за потребите на модната индустрија“, напоменува Стела и ги охрабрува колегите дизајнери да престанат да користат животински производи, иако признава дека понекогаш е доста тешко да се креира без употреба на кожа. Таа исто така смета дека самоодржливоста во модата е едно од клучните проблематики со кои треба да се занимава модата во иднина.
„Неверојатно е колку модата е старомодна. Ми изгледа како да сме во средновековна ера тоа што индустријата сè уште убива милиони животни годишно. Кожата е една од најштетните делови на модата. Тоа не е луксузен метод, кожата не е навистина нус-производ. Тоа е мит“, смета Стела. Дизајнерката успеа да изгради моден бизниз без оглед на предизвиците да се создаде комплетно нов пристап во креирањето на модни додатоци, каде што најчесто се употребува кожата. „Тоа е големиот предизвик. Наоѓањето соодветни материјали е тешко. Повеќето чевли на оваа планета се направени од кожа“. Сепак дизајнерката успева да ги надмине овие предизвица и да создава успешни креации и модени додатоци без да го изгуби својот морален компас.
Нема коментари