Пејачката Тејлор Свифт во пресрет на објавувањето на новиот албум ја објави и модната соработка со дизајнерката Стела Макартни, што за модниот свет беше неочекуван чекор, бидејќи тешко е да се најдат заеднички точки меѓу нив двете. Колекцијата ја одразува естетиката и приказната на Тејлор од новиот албим Lover, преку модели како маици, дуксери, јакни и торби во слаткасти пастелни бои. Вметнати се и креации со тај дај ефект на разлеани бои, како и мотиви со мачки и принт со ликот на пејачката.
Целата колекција изгледа како мерч-роба за потребите на новиот албум на Тејлор Свифт, а на некои од креациите отпечатени се стихови од песните од албумот. Дизајнерката Стела Макартни е позната по нејзиниот еко-пријателски пристап во модата, па во таа линија коелкцијата е направена од одржлив органски памук. Исто така, има и шишиња за повеќекратна употреба, парчиња изработени од кожена алтернатива од рециклиран полиестер и билен отпад.
Колекцијата од денеска е на продажба на онлајн продавницата на Тејлор Свифт, во поп-ап продавница во Њујорк и во одредени продавници на Стела Макартни. Тејлор и Стела вчера се обратија преку You Tube за да го објаснат албумот и заедничката колекција.
Нема коментари