Дваесет години по смртта на британската принцеза Дајана сè уште се пишува за нејзиниот моден стил и современоста што ја внесе во британското кралство. Принцеза на народот и хуманитарка, таа внесе убавина и шарм во старомодното кралско семејство, а во однос на модата таа беше смела трендстерка која ги промени старите идеи за тоа што е норма во гардеробара на една дама.
Нејзиниот стил и сегменти од она што го носела своевремено, може да се пронајдат и во современите трендови како карираниот vichy дезен, но и во црвената боја, карираните сакоа и панталони вметнати во каубојки кои може да се видат и во колекциите на Макс Мара, Стела Макартни и Келвин Клајн за есен-зима 2017/18.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари