Насловот открива од што се состои нашиот пролетен моден предлог за пролетни прошетки во кој главната улога ја има белата кошула со малку поширок крој за екстра удобност. Одлично се комбнира со фармерки, голема торба во стилот на shopping tote (или пак чанта за преку рамо), како и со обувки што ги носиме во пролетно-летниот период како балетанки, влечки, еспадрили или сандали. За инспирација ни послужија и неколку фотографии на Меган Маркл со ваков стајлинг.
Нема коментари