Со тенки прерамки, еднобојни или со принт, во бохо стил или со трендовска тај-дај шара, долгите фустани се позната стилска опција за во лето. Долгиот фустан во летните стајлинзи се појавува во неколку верзии. Шарените и цветни фустани се класика на летната мода, а во топлите месеци често се носат модели во бохо-стил. Сезонава тренд се креациите со тај-дај ефект. Се носат и летни фустани со непредвидливо долги ракави, а за вечерни и посвечени пригоди, долгите фустани се комбинираат со сако.
Нема коментари