Ѕвездите на уличната мода демонтрираат како се комбинираат патики со поформален фустан. Патиките иако спаѓаат под спортски и лежерен стил, во последниве сезони ги вметнуваме во секаков изглед, често ги комбинираме и со поелегантен фустан и формална облека. Неретко тоа се фустани што вообичаено ги носиме во вечерни пригоди, понекогаш тоа е поелегантен или модел на фустан со светки. Во игра се секакви патики – старки, платнени Vans, трендовски бели патики или модел со гломазен изглед.
Нема коментари