Со доаѓањето на топлото време во нашата гардероба почнуваме да ги ротираме летните модни парчиња – на пример, шорцевите од тексасен материјал. Една стилска формула што ја забележавме кај модните ентузијасти е џинс-шорцот во комбинација со предимензионирано сако. Џинс-шорцевите, исто како и фармерките, се адаптираат на различни стилови, но пролетва најтренди се кога се носат со сако со поширок крој. Стајлингот се финишира со обична памучна маица или кроп-топ под сакото, со патики, сандали со ремчиња или отворени влечки.
Нема коментари