Последниве неколку сезони сакото доживеа големо враќање во женската гардероба, тренд се моделите со предимензиониран крој, се вметнуваат во различни стилови и се носат во секакви пригоди. Сакото не е само парче облека резервирано за строгиот деловен изглед, сакото според ѕвездите на уличната мода докажа дека е сестрана облека. Кога сакото ќе се спои со кошула, тогаш добиваме тренди спој кој може, исто така, да се прилагоди на стилот на различни жени. Хит комбинација е бела кошула, фармерки и широко сако со ситен кариран дезен. Наместо фармерки може да се облечат кожени панталони, а наместо долго и широко сако, тоа може да биде со потесен крој и во стилот на болеро. Интересни се комбинациите со беж сакоа, кошули со принт, дамски палта или кошули од тантела.
Нема коментари