Принципот на повеќе слоеви облека го применуваме во студените месеци, од практични причини бидејќи загрева, но и од стилски затоа што изгледа привлечно кога „ѕиркаат“ неколку облеки една врз друга. Еден слој што е омилен меѓу помодарките е кошула облечена врз ролка – одличен трик да го почнете првиот слој на есенскиот стил со потенка ролка и некоја кошула, а кој ќе го дополните со сако, јакна, капут…
Нема коментари