Кожата како материјал за облека повторно е актуелна, од кожа се направени трендовски сакоа, молив-здолништа, мантили, но и кошули. На тема кожена кошула еве предлог од Манго, брендот во колекцијата за есен има модели во кремасти и кафени тонови кои се направени од вештачка кожа. Кожената кошула е избор на некои од Манго девојките како Пернил Тајсбек и Линда Тол на кои им се погоди оваа кошула за време на бременоста. Еве како трендесетеркте ја носат и комбинираат оваа кошула.
Нема коментари