Ткаенината со шара на двобојни квадратчиња, односно во таканаречениот пепито дезен, е константа во модата. Дезенот можеби од сезона во сезона е ист, но се менуваат на кроевите на модните парчиња во кои е вметнат. За оваа сезона пепито дезенот го носиме на долги и предимензионирани капути. Модни варијаци на оваа тема има во колекциите на „Гучи“, „Шанел“ и „Баленсијага“, но и кај брендовите „Зара“ и „Твинсет“.
Нема коментари