Ставот на јавноста и поконкретно на модните вљубенички кон розовата боја отсекогаш бил поларизирачки – или ви се допаѓа и ја носите или воопшто не ви се допаѓа. Повремено станува тренд, некогаш се смета за премногу несериозна и доста детска, но често е предмет на модните колекции и избор на ѕвездите на уличната мода. Сега гледаме тенденција на розови тонови во дизајнерските колекции за есен-зима 2020/21 – драматична боја на циклама има во моделите на Том Форд и Жакемус, пурпурна кај Прада Меквин и Фенди, пастелна и класично бебешка розова има кај Александар Меквин, Марк Џејкобс и Миу Миу.
Но, како да ја воведеме розовата, која се смета за типично пролетна и летна боја, во зимски комбнации, ќе земеме примери од уличната мода. А таму забележавме облека во нијанси на пастелно розова, но и смели монохроматски комбинации во шокантно розова. Розовите тонови добро одговараат со неутрални нијанси како беж, црна, бела и сива. Може да облечете само едно розово парче како џемпер, здолниште, јакна од твид, па да го комбинирате со други бои и шари, или оваа боја да ја носите само како моден детаљ.
Нема коментари