Уличнaта мода нè потсети колку добра идеја е сивиот џемпер како дел од зимските комбинации. Џемперите во оваа неутрална нијанса се омилени во зимската гардероба, затоа што лесно се комбинираат и вклопуваат во различни стилови. Во продавниците секоја сезона наоѓаме плетени џемпери со мотив на плетенки и со ролка и ваквиот модел одлично стои со фармерки и миди здолништа. Всушност, може да се комбинира скоро со сè и во софистицирана варијанта се носи и како деловна облека. Предлагаме и комбинација со панталони со кариран принт или во микс со парчиња во некоја интензивна боја. Сивиот џемпер добро изгледа во монохраматска варијанта со сив капут и сиви детали, но подеднакво добра идеја е да се носи и со црн капут.
Нема коментари