Кадифето е ткаенина што изгледа луксузно, иако има далеку поскапи материјали, нè потсетува на декаденција и вечерно славење, во исто време нуди нежност и топлина, но секако е безвременски материјал и добра опција за празничен изглед.
Фустанот од кадифе со својата впечатливост лесно се вклопува во новогодишна атмосфера, а за празничната сезона ваквите модели ќе ги комбинираме со високи чизми, елегантни чевли или војнички модел на обувки, со мала чанта и тренди накит.
Нема коментари