Жолтата боја е интензивна и живописна, тоа е бојата на сонцето и симбол на сончевата сезона, па доста соодветно е овој период да носиме жолт фустан. Претставуваме неколку различни стилови на жолт фустан кои што можат да се носата на патување, покрај базен и на плажа, за денски прошетки низ градот и вечерно излегување, за посвечени настани и полежерни пригоди. Жолтата ја има во различни тонови, од флуоресцентен до позагасит тон, а забележавме и модели со жолта основа и со шара како точки и цветови.
Нема коментари