Летната мода не можеме да ја замислиме без бели лелеави фустани од лесни ткаенини, кои дополнително ги комбинираме со разни обувки, но и со патики како впечатлив тренд последниве сезони. Спојот на бел фустан и патики може да биде лежерен, елегантен, поспортски, за помладата генерација дури и вечерен. За оваа сезона тренд се фустаните со макси должина, балон ракави или со скалести карнери, а кои се вклопуваат со разни видови патики, од оние со гломазен изглед преку старките како евергрин до патики во поинтензивна боја.
Нема коментари