• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
стилска листа 0

Највпечатливите свадбени изгледи за 2014 година

Од stylist @StylistMKD · На декември 25, 2014

Ким КардСовремените невести често се одлучуваат за понеобични и неконвенционални свадбени фустани на сметка на традиционалните венчаници од тантела и со долг шлеп. Инспирација позајмуваат од познатите и од личностите кои важат за модни икони, како на пример од триделниот комплет на Оливија Палермо, Соланж во минималистички фустан и наметка од „Кензо“ или индивидуализираниот вел на Анџелина Џоли. Да се потсетиме на најинтересните свадбени изгледи за годината што изминува и на стилскиот избор на познатите невести.

Соланж Ноулс и Алан Фергусон

 1

Пејачката Соланж има специфичен моден стил што се отслика и на нејзиниот избор на венчаница – фустан со едноставен крој и наметка од Умберто Леон од модната куќа „Кензо“, на денот на својата венчавка што се одржа во Њу Орлеанс таа облече и комбинезон од Стефан Ролан, а нејзиниот сопруг Алан и сите гости на свадбата беа исто така облечени во облека во бела боја.

Анџелина Џоли и Бред Пит

2a

По десетгодишна љубовна врска и шест деца Анџелина и Бред конечно се венчаа во нивниот замок „Миравал“ на југот на Франција, а невестата носеше фустан од Atelier Versace, односно венчаница создадена од рацете на Луиџи Маси, еден од мајсторите кројачи во модната куќа „Версаче“ и близок пријател на актерката. Највпечатлив дел беше долгиот вел насликан со цртежи од нивните деца.

Амал Аламудин и Џорџ Клуни

4

Холивудската ѕвезда Џорџ Клуни се венча со британската адвокатка за човекови права Амал Аламудин во септември  во Венеција.  Додека тој избра костум од Џорџо Армани, Амал носеше свадбен фустан специјално креиран од славниот дизајнер Оскар де ла Рента.

Оливија Палермо и Јоханес Хуебл

olivia-palermo

Модната икона Оливија Палермо и нејзиниот долгогодишен партнер манекенот Јоханес Хуебл се венчаа на интимна свадба во јуни во близината на Њујорк. Оливија носеше комплет од Каролина Хехера – отворено здолниште од тул, бели шорцеви и тенок кашмирен џемпер, најавувајќи нов стил на избор на облека за свадба.

Попи Делевињ и Џејмс Кук

6

Британката Попи направи две свадбени свечености – првата во Лондон на која носеше фустан од колекција на висока мода на „Шанел“, но поинтересна беше втората што се одржа во Маракеш, во ексклузивниот хотел La Mamounia. Во Мароко Попи облече фустан во боемски стил специјално креиран од страна на Питер Дандас од модниот бренд „Пучи“.

Ким Кардашијан и Канје Вест

kim-kardashian-west

Помпезна и есктравагантна, свадбата на Ким и Канје беше токму таква како што се очекуваше од самобендисани личности кои сакаат голем публицитет. Ким беше облечена во венчаница од висока мода на „Живанши“, специјално креирана за неа од страна на креативниот директор на брендот и нивен близок пријател.

Јоханес ХуеблАмал АламудинАнџелина ЏолиБред ПитвенчаницаКанје ВестКим Кардашијанајдоброто од 2014Оливија ПалермоПопи Делевињсвадбен изгледСоланж Ноулсстилот на познатите
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 111 стилска листа

    Седумте тајни на секогаш дотераните жени

  • 1 стилска листа

    Пет јакни што треба секоја жена да ги има во гардеробата

  • fjshjf стилска листа

    Предлог зимски стајлинзи за празнични денови поминати на отворено

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026
  • 1 K BEAUTY

    Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

    мај 6, 2026
  • Kiki-Ring-1

    Рачна изработка и премиум материјали: YOVA ја лансираше колекцијата „Блосом“ за пролет-лето 2026

    април 27, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026

Убавина

  • 1 K BEAUTY

    Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

    мај 6, 2026
  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026
  • SAKURA FESTIVAL ПОСТ

    Sakura Festival: Kултурно-едукативен настан инспириран од јапонската традиција ќе се одржи во Скопје

    април 17, 2026
  • ???????????????????????

    Отворањето на 54. Мајски оперски вечери распродадено за рекордни 30 минути!

    април 17, 2026

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics