Ниските температури често значат дека во зимската облека преовладува практичноста, со што се истиснува тренд компонентата. Сепак, повеќе од можно е да се воспостави рамнотежа помеѓу удобноста и елеганцијата. Тоа го потврдуваат и ѕвездите на уличнaта мода, кои практикуваат класичен стил и бираат да носат безвременски палта, фармерки, џемпери во неутрална боја, кои се клучни состојки за едноставен, лежерен изглед полн со практичност.
Класичниот стил може да вклучи и одредени трендови. Непогрешлива опција е да се додадат актуелните тенденции на основните парчиња, а зимава тренд се долги плетени фустани, костими со панталони под капутот, мек дуксер за полежерен денски изглед, груби чизми на платформа или чизмички до глужд. Се носат и волуменозни палта, јакни поставени со крзно, ролки и панталони со широк крој.
Нема коментари