• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
сам свој стилист 0

Стилски лекции од Кејт Мос

Од stylist @StylistMKD · На јануари 16, 2017

0

Британската супермоделка Кејт Мос покрај тоа што е една од најпознатите манекенки на сите времиња, важи и за една од најдобро облечените жени во модата и пошироко. Таа е ултимативна фем фатал со рокенрол стил, чиј иконски стил со децении е инспирација на повеќето вљубенички во модата. Кејт денес полни 43 години (Среќен роденден Кејт!), а по тој повод објавуваме една инспиративна листа на лекции по стил кои лесно може да ги примените.

1

Останете верни на својот стил –Кејт со години практикува да носи тесни фармерки, кожена јакна, памучна маичка и чизми во црна боја.

2

Облекувајте се според вашето тело – Манекенката иако е една од најпознатите супермоделки, за разлика од колешките Жизел, Синди и Наоми е многу пониска, па научила дека тесните фармерки и структурираното палто најдобро одговараат на нејзината градба.

3

Изберете едноставна елеганција – На црвениот килим Кејт избегнува приприени тоалети со длабоко деколте, наместо тоа бира светли, свилени фустани со интересен крој и изгледот го дополнува со женствен црвен кармин и вртоглаво високи сандали.

4

Верувај му на дизајнерот – Како и Кејт стекнете доверба во својот моден дизајнер, се разбира доколку сте го одбрале за соработка. Манекенката овде е со Марк Џејкобс на Мет Гала во 2009 година, настан за кој одлучила да носи креација токму од еден од своите долгогодишни соработници.

5

Останете верни на своите икони –  Во 2011 година Кејт Мос стапи во брак со музичарот Џејми Хинс облечена во венчаница на Џон Галијано. Тоа предизвика контроверза во светот на модата, бидејќи во тој период Галијано беше отпуштен од „Диор“ поради неговите анти-семитски забелешки и не беше омилена личност во тој свет. Овој провокативен избор беше знак на поддршка за пријателот, кој пак претходно ѝсе нашол на Кејт за време на нејзиниот тежок период. Галијано го креира овој венчален фустан специјално за Кејт, а се шпекулира дека е инспириран од легендарата Зелда Фицџералд.

6

Осмислете фестивалски изглед – Кејт ни покажа дека изгледот на музички фестивал е доста важен. Во 2005 година таа лансира фестивалски изглед кој е потоа илјадници пати е копиран: мини тексас шорцеви, машки елек врз маичка, гумени чизми и мала чанта преку рамо.

7

Спарувајте ја облеката со стилот на вашето момче – Стилот на Кејт секогаш е одраз на нејзиниот рокерол живот и нејзините врски со момчињата, почнувајќи од Џони Деп, преку Пит Доерти до  Џејми Хинс.

8

Научете ја моќта на модните додатоци –Тајната на секој стил е во деталите, кај Кејт тоа се ремените и малите марами.

9

Носете машки парчиња на женствен начин – Машките елеци се еден од препознатливите знаци на стилот на Кејт, парче облека што е позајмено од машкиот гардеробер.

10

Позајмете нешто и од парискиот стил – Парижанките почнаа да носат тесни фармерки, класично шанел-палто, маичка со пруги и балетанки, Кејт знае како да го копира изгледот на свој начин.

11

Елегантните костими и црвениот килим се совршен пар – Кејт изгледа женствено и во фрак-сако и панталони, во комбинација со сандали и светкав топ.

12

 

Изберете бохо стил – Манекенката многу често ќе ја видите во облека во стилот на 70-тите, како бохо кошула и ѕвонести фармерки Седумдесеттите се навистина нејзината омилена декада.

13

Смели во леопард принт – Оваа шара ѝе омилена на Кејт, а многу пати е видена во капут со лепардов принт, кој овде е комбиниран со тесни фармерки (повторно!) и моделот патики Gazelle на Adidas.

14

Пронајдете винтиџ рокерска маичка – Маичките со рокенрол мотив се дел од секојдневниот стил на Кејт.

15

Правете распар комбинации – Моторџиска јакна врз свечен долг фустан!? Зошто да не… Мешајте кежуал и свечени парчиња по примерот на Кејт.

Кејт Мосмодна иконастилска иконастилска листастилски совети
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 1 сам свој стилист

    Ролка и капут – топла и удобна зимска комбинација

  • denim сам свој стилист

    Пролетни комбинации со тексас-ткаенина

  • 1 сам свој стилист

    СТИЛСКА ИДЕЈА: Пролетен минимализам

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026
  • 1 K BEAUTY

    Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

    мај 6, 2026
  • Kiki-Ring-1

    Рачна изработка и премиум материјали: YOVA ја лансираше колекцијата „Блосом“ за пролет-лето 2026

    април 27, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026

Убавина

  • 1 K BEAUTY

    Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

    мај 6, 2026
  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026
  • SAKURA FESTIVAL ПОСТ

    Sakura Festival: Kултурно-едукативен настан инспириран од јапонската традиција ќе се одржи во Скопје

    април 17, 2026
  • ???????????????????????

    Отворањето на 54. Мајски оперски вечери распродадено за рекордни 30 минути!

    април 17, 2026

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics