Бела маичка, џинс шорцеви, сандали и интересен накит е базична летна комбинација која може да ја надградите и разиграте со едно впечатливо и во последно време трендовско парче облека – лелеава наметка во кимоно стил. Во интересна шара со јаки бои, од лесна скоро проѕирна ткаенина, кимоното е иделно летно парче кои нуди стлски став и голема удобност. Кројот позајмен од јапонското традиционално кимоно, може да се носи на различен начин, најчесто без појас, лесно се комбинира со бохо елементи, а според Инстаграм и Пинтерест најчесто го среќаваме во спој со обична бела маичка и тексасни шорцеви кои се малку разресени. За комплетен стајлинг, предлагаме да додадете бохо накит, мала чанта или платнена торба, сандали или кожени влечки, очила за сонце и сламена шапка. А овој стајлинг ќе може да го носите на летување, за прошетка низ градот или за лежерно вечерно излегување.
Нема коментари