Облекувањето во есенско-зимскиот период подразбира слоеви на топла облека. Целата таа слоевита комбинација треба да биде удобна и во облеката да се чувствувате пријатно, а не стегнато и пренаоблечено. На ваквиот микс не сме и да ѝ недостасува модерниот и стилски изглед. Слоевитето облекување не значи хаотично редење на топли парчиња едно врз друго, тоа бара модна хармонија. Препорачуваме да се држите се кон монохроматски парчиња, но играјте со текстурата. Може да примените облека со различни должини и да оставите секое парче да се гледа, но тоа да изгледа складно. Некои смело ќе измешаат различни стилови – на пример, спортски дуксер, кожено здолниште и сребрени чизми. Оставете едно парче да ја игра главната улога, без разлика дали е тоа впечатлив колоритен капут или чизми над колена. Еве неколку идеи за инспирација.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрени на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари