Поврзувајќи ги модата и уметноста, со посебен акцент на љубовта, популарниот бренд за секојдневна мода „Страдивариус“ лансира блузи со цртежи од култниот њујоршки уметник Кит Херинг. Капсулната колекција содржи маички по кратки ракави и блузони во црна, бела и сива боја, на кои се аплицирани препознатливите дела на Херинг. Тие се колоритни и забавни, и иако изгледаат помалку наивно, во себе кријат важна политичка порака за љубов, еднаквост и рушење на бариерите. Кит Херин, кој почина во 1990 година, важи за еден од најиновативните графити уметници од 80-тите, чии слики често се јавуваат како апликации во модниот свет.
Нема коментари