Модниот бренд Страдивариус лансира посебна спортска колекција, како одговор на athleisure тенденциите и растечката фитнес култура. Наменета за оние што сакаат спортување и здрав живот, но и лежерен стил, колекцијата се состои од парчиња кои можат да се носат во теретана, но и на отворено, како хеланки, бициклистички, спортски градници, панталони за јога, тренерки, ветровки, патики… Преовладуваат црната, розовата и минт-зелената боја.
Нема коментари