• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
моден монитор 0

Stylist.mk ги додели наградите на најдобрите на Моден викенд-Скопје

Од stylist @StylistMKD · На ноември 5, 2014

Nagradi stylist esen 2014 (22)

Модниот сајт и асоцијација Stylist.mk по третпат ги избра најуспешните дизајнери и модели на Моден викенд-Скопје, а овосезонските победници Јована Филиповиќ, Стефанија Насеска и Рене Рајт  добија уникатни статуетки изработени од домашни дизајнери на накит. Денес напладне, во пријатна атмосфера во концептуалната продавница Lotus Design Store во „Сити мол“, се дружевме со наградените и со авторите на статуетките. Јована Филиповиќ, која е носител на главното признание, за најдобра колекција за Where The Wild Things Are есен-зима 2014/15, доби статуетка изработена од Илина Поповска, а Стефанија Насеска-прогласена за најдобра млада дизајнерка за нејзината колекција „Азбука“, прими награда изработена од тандемот Моника Лозановска и Александар Баки Милев, кои стојат зад брендот за накит „Еклектика“. Шармантната Рене Рајт, која е прогласена  за најдобра манекенка на FWSK, доби статуетка направена од Андријана Андреева (Ани Соро).

Nagradi stylist esen 2014 (30)

Јована Филиповиќ ја доби главната награда за најдобра колекција

Јована Филиповиќ вели дека е изненадена и возбудена што ја добива наградата за најдобра колекција.
-Воопшто не очекував дека ќе бидам меѓу добитниците на „Stylist.mk наградите“. Кога ми се јавивте вчера мислев дека ме барате за интервју, не се надевав дека ќе ми соопштите дека сум го освоила признанието за најдобра колекција. Не ми се веруваше. Ги проследив и претходните доделувања на овие награди, без разлика дали бев учесник на Моден викенд -Скопје или не. сметам дека досега сите беа издржани и токму тие креатори за кои сметав дека се најдобри на претходните изданија, ги добија статуетките. Ова е прво вакво признание за мене, досега имам само победено на конкурсот на „Пелистерка“ во рамките на Моден викенд пред неколку сезони, за најдобар дизајн на шише. Наградите секако се поттик за секој креатор да биде уште подобар со секоја следна колеција. Конкурецијата е секогаш добре дојдена. Мене искрено многу ми значи наградата на Stylist.mk и ми е инспирација да дизајнирам уште подобри креации за следната сезона. Инаку, ова издание на Моден викенд имаше добри дизајнерски линии. На пример, ми се допадна колекцијата на Стефанија Насеска, „Азбука“, бидејќи има авторски пристап, за разлика од некои други, кои беа копии на нешто што досега сме го виделе-вели Филиповиќ.

Nagradi stylist esen 2014 (28)

Стефанија Насеска прогласена за најдобра млада дизајнерка

Дизајнерката Стефанија Насеска, која досега има учествувано повеќе пати на Моден викенд-Скопје, овој пат ги доби гласовите на тимот на Stylist.mk за свежиот, младешки пристап и искажување на став, нешто што недостасува кај младите дизајнери. Насеска студираше во Скопје на „Академија Италијана“, но одлучи да се врати во родниот Прилеп и таму да работи и да ја подобрува локалната дизајнерска сцена.

-Не ми се веруваше кога ми соопштивте дека сум ја добила наградата. Воопшто не очекував некоја награда, можеби лично јас за време на изработката на колекцијата не бев самата задоволна, иако крајниот производ е успешен. Ме изненади тоа што некој ја забележал и верификувал мојата работа. Ова ми е прва награда, драга ми е затоа што мислам дека го отвара патот за останати награди и признанија, а особено затоа што доаѓа од вас, ја познавате сцената и сте лица кои ја следат македонската мода и младите дизајнери. Оваа награда сакам да ја посветам на моите родители и на личноста што беше цело време со мене додека ја работев колекцијата, тоа е моето момче Марко. Токму на овие три личности ја посветувам наградата – ни кажа Стефанија.

Nagradi stylist esen 2014 (26)

Шармантната Рене Рајт ја овои статуетката за најдобра манекенка

Иако во април за првпат почна да се занимава со манекенкство, и тоа токму со деби на Моден викенд-Скопје, Рене Рајт беше ѕвезда на овсезонското издание на манифестацијата. Девојката по потекло од Јамајка е членка на модната агенција „Подиум“ и сезонава се појави на голем број модни ревии во рамките на Моден викенд-Скопје, како и на фотографиите од изложбата „Арт ограда“. Таа професионално и со елеганција ги обави своите задолженија на ревиите. Со својата харизматична појава и природен однос допринесе за подобра презентација на креациите.
-Неверојатно! За толку кратко време колку што се занимавам со макененство да ја држам оваа награда во моите раце е неверојатно и апсолутно прекрасно. Многу сум благодарна до Stylist и до мојата модна агенција „Подиум“, особено до Ирина Илиевска која всушност ме научи сè што знам за манекенството. Благодарност и до сите оние што ме подржуваат, моето овдешно семејтво и сопругот Виктор – ни кажа Рене која со манекенсктво почна да се бави  пред неколку месеци и веќе со огромна леснотија чекори по модните писти.

Nagradi stylist esen 2014 (20)

Nagradi stylist esen 2014 (31)

Јована Филиповиќ со дизајнерката на статуетката за најдобра колекција, Илина Поповска

Nagradi stylist esen 2014 (4)

Дизајнерката на накит Илина Поповска ја направи наградата за најдобра колекција

Nagradi stylist esen 2014 (3)

Nagradi stylist esen 2014 (18)

Nagradi stylist esen 2014 (29)

Стефанија Насеска (средина) со креативците од „Еклектика“ , кои ја дизајнираа наградата во форма на око

Nagradi stylist esen 2014 (2)

Моника Лозановска и Александар Баки Милев, кои стојат зад брендот за накит „Еклектика“

Nagradi stylist esen 2014 (1)

Nagradi stylist esen 2014 (17)

Nagradi stylist esen 2014 (24)

Рене Рајт ја доби статуетката за најдобар модел изработена од Андријана Андреева (Ани Соро)

Nagradi stylist esen 2014 (8)

Nagradi stylist esen 2014 (32)

Тимот на Stylist.mk со победничките на есенското издание на Моден викенд-Скопје

Nagradi stylist esen 2014 (16)

Nagradi stylist esen 2014 (33)

Nagradi stylist esen 2014 (15)

Nagradi stylist esen 2014 (14)

Nagradi stylist esen 2014 (13)

Nagradi stylist esen 2014 (12)

FWSKStylist.mkStylist.mk наградиЈована ФилиповиќАлександар Баки МилевАндријана АндрееваАни Сороесен-зима 20014/15Моден викенд-СкопјеМоника ЛозановскаРене РајтСтефанија Насеска„Азбука“„Еклектика“
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 1 моден монитор

    MY:TIME ја продолжува емотивната приказна „Моменти за нас“ – Пролетна порака која ќе ве натера да застанете

  • fwsk моден монитор

    Преглед на модните ревии и пропратните настани на 32. Моден викенд Скопје

  • 1 Zhou Jin, jewelry by Chen Zijue 6 моден монитор

    Првиот ден на Моден викенд во знакот на кинеската мода и 3D и AI изложба

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026
  • 1 K BEAUTY

    Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

    мај 6, 2026
  • Kiki-Ring-1

    Рачна изработка и премиум материјали: YOVA ја лансираше колекцијата „Блосом“ за пролет-лето 2026

    април 27, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026

Убавина

  • 1 K BEAUTY

    Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

    мај 6, 2026
  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026
  • SAKURA FESTIVAL ПОСТ

    Sakura Festival: Kултурно-едукативен настан инспириран од јапонската традиција ќе се одржи во Скопје

    април 17, 2026
  • ???????????????????????

    Отворањето на 54. Мајски оперски вечери распродадено за рекордни 30 минути!

    април 17, 2026

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics