• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
моден монитор 0

Stylist.mk ексклузивно на изборот Австриски машки топ-модел

Од Снежана Јаначковска-Богдановска · На декември 20, 2013

Моделот Реми Мухаџери, кој по потекло е од Македонија, доби специјална награда на изборот Австриски машки топ-модел за 2013 година, што деновиве се одржа во Виена. Тој ќе биде заштитно лице на League of Gentlemen, компанија која стартува од  јануари. На покана на организаторите, Stylist.mk деновиве присуствуваше на престижниот избор во  Салата за свечености на Paolo’s World, каде што во жирито беше и Мистерот на Македонија за 2013 година, Ивица Симоновски.

Победниците со Ана Марија Јуришиќ  фото: Хелмут Рајбар

Во неделата вечерта (15 декември) за машки модел на Австрија за 2013 беше прогласен Бернардо ди Оливиера (22) од Долна Австрија. Тој по потекло е Бразилианец, но е роден и живее во Виена.

Со два поени зад него застана Жером Џекш (19) од Линц, Горна Австрија, на третото место во оваа напорна битка се  најде Пол Џитковиш (18) од Оберпулендорф. На четвртата позиција се најде Семиш Герик (19) од Ранквајл. Петти е Барис Гурбуз од Новиот дел на Виена, а листа ја заокружи Вилахер Маркус Пихле (20), кој го доби Kärnten Rang 6.

Минатата година Им Илја Лавал ја доби почесната титула, за него тоа значеше отстрел за почеток на една национална и меѓународна кариера како модел.

Реми Мухаџери и Речко Мухаџери со сопругата на почесниот конзул на Македонија, Кристин Рајдер

За прв пат оваа година, Агенцијата 1st Avenue, прва и засега единствена агенција само за машки манекени во Австрија, го организира овој настан. За две години оваа млада агенција се стекна со лиценца за Jade-Models, меѓународни машки модели. Доминик Вахта од Jade-Мodels е одушевен од организаторскиот тим  на Ненси Каналополоу.

-Ние со Ненси и 1st Avenue најдовме многу добри партнери, а манифестацијата беше повеќе од успешна-вели тој.

За време на вечерта  публиката ја забавуваа кабаре-дуото од Виена „Флекерлтепих“. Во составот членуваат Роб Ван и Манфред Брунерна, кои одушевија со својот шарм и хумор. Забавната програма беше збогата со балетски настап, каде што составен дел од кореографијата беа  машките модели, како и еден битбокс-изведувач. За стајлингот на машките модели беа одговорни Азер Гунис и неговиот тим.

Членовите на жирито фото: Хелмут Рајбар

Жирито го сочинуваа: топ-моделот на Австрија за 2013 година Ана Марија Јурисиќ, модниот уредник Мајк Јорк, Јурген Пендил, екс-моделот Рене Ентнер, познатиот мејкап артист Азер Гунис, ПР-дамата Мануела Дорн, моделот Романа Мартиновиќ , дизајнерот на Cassida, Мајкл Куестер и менаџерот на Jade-Models Доминик Вахта.

Нашиот мистер, Ивица Симоновски, кој е дел од агенцијата 1 st Avenue Model

 Победникот,  на First Face како и на следното Cassida Modeshow, така и на Label Pink Rebell, доби вредносен чек од Fatou-Fashion,  1 st Avenue Model Academy Workshop,  Lookbook-Shooting со Manfred Danner. Ќе доби и 2.500 евра во готово од Schaden24. Второ пласираниот и трето пласираниот добиваат најразлични награди како и пари.

Амбасадорот на Македонија во Австрија, Ѓорѓи Филипов со сопругата Лиле Фото: Хелмут Рајбар

Меѓу ВИП гостите кои присуствуваа на настанот беа и Амбасадорот на Република Македонија во Австрија, Ѓорѓи  Филипов, со сопругата, почесниот конзул  во Виена, Вилхем Редер и дизајнерот Ла Хонг. Во Paolo’s World во извонредно расположение, со многу шампањ се славеше до раните утрински часови.

Австрискиот топ-модел постои од 2006 година, а од 2009 се избира и австрискиот машки модел. Наспроти женскиот избор, на кој беа квалифицирани по две девојки од секоја сојузна република, во Male Мodel-Contest се одржуваат повеќе кастинзи. Најдобрите 18, независно од сојузната република, доспеваат до влез во финалето.

 

Ексклузивно  од Виена , Снежана Ј.Богдановска.

Превод: Биљана Биновска

1 st Avenue ModelАвстријаВиенамашки топ-модел
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • METGALA моден монитор

    Црвениот килим на Мет Гала 2025 во знакот на машката облека во контекст на црнечкиот дендизам

  • 1fwsk моден монитор

    Третиот ден на Моден викенд Скопје во знакот на колекциите на Олгица Ѓоргиева, Al Aparel и студентите на IBU

  • 6fwsk моден монитор

    Модата како културен документ – вториот ден на Моден викенд Скопје

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ?????????????????????????????????????

    30. Моден Викенд Скопје: Заедницата како срце на модата

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • ?????????????????????

    Вечерва се отвора изложбата „Црвен се барјак развева“

    мај 9, 2025
  • Women in tech & Metergram (1)

    МОЌТА НА ИДНИНАТА: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

    мај 6, 2025
  • METGALA

    Црвениот килим на Мет Гала 2025 во знакот на машката облека во контекст на црнечкиот дендизам

    мај 6, 2025
  • 1000001178

    Скопје Фуд Парк – нова гастро дестинација во градот

    мај 5, 2025
  • KV SGF 2025

    На 13 мај започнува Скопски Градски Фестивал – Пет дена културна синергија на низ звуци, зборови и слики

    мај 5, 2025

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • Women in tech & Metergram (1)

    МОЌТА НА ИДНИНАТА: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

    мај 6, 2025
  • 1000001178

    Скопје Фуд Парк – нова гастро дестинација во градот

    мај 5, 2025
  • Gush i bac

    Инклузивен настан „Гуш и бац е љубов“ на 11 мај на Школка

    мај 5, 2025
  • veligdenski jajca

    Природен начин на бојадисување велигденски јајца

    април 15, 2025
  • ???

    Саем на мебел 2025: „Инспирација за секој дом“ од 26 до 30 март во Скопје

    март 26, 2025

Култура

  • ?????????????????????

    Вечерва се отвора изложбата „Црвен се барјак развева“

    мај 9, 2025
  • KV SGF 2025

    На 13 мај започнува Скопски Градски Фестивал – Пет дена културна синергија на низ звуци, зборови и слики

    мај 5, 2025
  • ПОЗИВ

    Покана за бесплатна работилница за млади фотографи од Македонија

    април 28, 2025
  • BAKLAVA$MAKEDONSKI RUBIN

    Концерт на „Баклава“ и изложба на македонскиот рубин во македонскиот Културно-информативен центар во Загреб

    април 23, 2025
  • vidik

    Со промоција на новиот роман на Оливера Ќорвезироска, „Три Марии“, вечерва почнува второто издание на „Видик“

    април 2, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics