• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
досие 0

Stylist.mk на Миланската недела на машка мода: Револуција на половите

Од stylist @StylistMKD · На јуни 25, 2014

Со преку 50-тина закажани настани, ревии, отварања на бутици и презентации, Милано комплетно исполнува четиридневен официјален распоред. Помеѓу личниот предизвик и испитување на можностите, Stylist.mk во ексклузивно лично сведоштво се најде во првиот ред обезбедувајќи при тоа интервјуа на десетина од овие ревиски објави, меѓу кои едни од најголемите индивидуалисти на  креативноста како Вивиен Вествуд, Џон Ричмонд, Филип Плеин и Антонио Марас, од потврдувачите на иновативноста во првите редови како „Костум Насионал“, MSGM, Ермано Шервино и „Портс 1961“, и од оние кои се вбризгани како свежа крв во миланскиот моден крвоток како Тилман Лаутербах, Том Ребл, D. Gnak и Џулијан Ѕигерли.

 

Ексклузивно за Stylist.mk, oд Милано, Анастасија Богдановска, фотографирана со Вивиен Вествуд

 

Dsquared2

И ако модата говори за животот тогаш eволуција на половите e она што е повеќе од очигледна дека се случува сега  во секојдневниот живот. Отвореност кон експериментирањето со прифатливо конзервативното за сопствениот пол и веќе не така суптилно преземање на елементите кои го дефинираат спротивниот. По ревиите и улиците, мажите ги вкрстуваат сопствената женска страна со смелата инспирација и разиграност за секој дел од денот. Должно проследувајќи го животот, модата на Миланската недела на машка мода за сезоната пролет-лето 2015 е јасен транспарент на половата револуција која се случува сега и Stylist.mk ја пренесува ексклузивно од прва рака до очите на македонските будни проследувачи.

 Antonio Marras

Визуелниот удар е јасен – актуелната модна свежина се вдахнува во машката мода. Ако таа е онаа која до скоро беше заглавена во здодевноста и повторувања на класичните линии и функционални форми, модниот свет рече доста е и ги разбуди идеите пред орманот наутро, отворено земајќи ја големата чанта  на својата девојка, разигрувајќи ги здодевните обувки со дијамантски украси, релаксирајќи ја строгата професионалност со лежерна неформалност, но и воведувајќи моменти на елеганција во спортските активности.

И секој од дизајнерите со свој белег успеа да се најде во контурите на новите трендови. Па избледнети и скоро непостоечки се линиите помеѓу кројачката елеганција и спортскиот шик. Совршено одмерен микс на бои, нијанси, шари и материјали, но со максимизирање на бројот на елементи по аутфит, каде ниту една од овие димензии не подлегнува на едноставност. Дуксерите наликуваат на бомбер јакни, бомбер јакните се преточуваат во сако, а сакоатa сега имаат елегантни качулки и ластици до беспрекорна елеганција.

Неоспорно доминира балансот меѓу црното и белото, синото во аутфитите си игра со комбинирање на различни нијанси, присутни се и военото каки и забележливо сиво, но екслузивитет се  јарко црвените костуми кои ја будат жарта на 70-тите. Јаките кои претежно ја задржуваат својата класична форма се разиграни со мониста и везени прешивачи кои се маркирани и на високите хип-хоп патики, кожените претоп чизми и плишаните еспадрили. Формите се строги, во совршено прав крој кои со иновативните материјали се одржуваат, но се разиграни со лежерните пантолончини и нежните плетки. Принтовите се жигот на брендовите, варирајќи од своерачни цртежи до совршени симетрии, комплементирани со карирани и јасно забележливи, на моменти и однадвор поставени чорапи.

Па екстравагантноста е конечно пренесена и на улиците, и така и преку публиката која ги проследува настаните, доминантно машка и претставници на печатот, е забележливо како се пробиваат границите на инспирацијата и потребата да се биде забележан. Принтовите се големи и во комбинации на силни клот нијанси, формите се прекршени и предимензионирани, а додатоците се игриви и со посебна доза на фантазија. Концентрирани секогаш на актуелното место на настанот за тој час, прават градот за момент да стане современ куклен театар со Мерцедез Бенз публика. Следуваат екслкузивните изјави со дизајнерите, куклените мастери на инспирацијата, директно од местото на настанот.

XMTtjbm1pX2Ntc3BpY3R1cmU7aW1hZ2U7aWQ7NTQ5ODI=__W456H666R15BTRANSP___03f831d0

 

                                                    

машка модаМиланска модна неделаМиланска недела на машка модапролет-лето 2015
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 3 досие

    Златни правила за шопинг според Французинките

  • 4 pariski stil досие

    Модни правила кои ќе ви го доближат парискиот шик стил

  • BL5LM5Z7JRFYDLYO2B3O5RCUDY досие

    Приказната за црната вдовица Патриција Гучи

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ?????????????????????????????????????

    30. Моден Викенд Скопје: Заедницата како срце на модата

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1

    „Одбери ја твојата бајка“ тема на традиционалната студентска ревија ан ТМФ

    јуни 25, 2025
  • Danilo-and-Sharon-Studio-079

    Манекенката Горјана Кулишевска–Џоја во фантастичен едиторијал за српски Elle

    јуни 5, 2025
  • 1hm

    H&M Studio ни носи смели скулпторски костими за капење во капсулната колекција Pre-Summer 2025

    јуни 3, 2025
  • 1

    Кошули со сино-бели пруги во пролетни комбинации

    јуни 3, 2025
  • 1

    „YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

    мај 26, 2025

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025
  • Women in tech & Metergram (1)

    МОЌТА НА ИДНИНАТА: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

    мај 6, 2025
  • 1000001178

    Скопје Фуд Парк – нова гастро дестинација во градот

    мај 5, 2025
  • Gush i bac

    Инклузивен настан „Гуш и бац е љубов“ на 11 мај на Школка

    мај 5, 2025
  • veligdenski jajca

    Природен начин на бојадисување велигденски јајца

    април 15, 2025

Култура

  • 1

    „YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

    мај 26, 2025
  • Plakat_myselves_page-0001

    Затворање на фестивалот Танц фест со француската иновативна танчерска претстава MYSELVES

    мај 12, 2025
  • ?????????????????????

    Вечерва се отвора изложбата „Црвен се барјак развева“

    мај 9, 2025
  • KV SGF 2025

    На 13 мај започнува Скопски Градски Фестивал – Пет дена културна синергија на низ звуци, зборови и слики

    мај 5, 2025
  • ПОЗИВ

    Покана за бесплатна работилница за млади фотографи од Македонија

    април 28, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics