Шпанскиот моден бренд „Манго“ во моментов е актуелен со априлската кампања A Story Of Uniqueness, приказната за „обичните луѓе“ кои оставаат силен индивидуален печат со својата појава, талент, страст, силна и слаба страна. Повеќе интересни ликови позираат во уште поинтересни креации, нам на прва не привлече шарената кошула со романтичен крој и нежни карнери која што ја носи харизамтичната уметница Лорен Џонсон. (Една од уредничките на Stylist.mk уште попладне ќе си ја збогати пролетната гардероба со овој модел). На фотографијата од кампањата Лорен мошне смело цветниот принт го комбинирала со друг принт. Оваа шарена блуза лесно се вклопува во стилот на една урбана романтичкарка и може да се комбинира со различни парчиња. Цената на оваа блуза е 1.490 денари.
Нема коментари