Денеска, 23 март, во 18.30 часот во холот на Македонската опера и балет, во рамките на третото издание Fashion & Lifestyle Expo Stylist.mk ќе одржи интерактивна дебата на тема „Како се креираат модните трендови во Македонија“. Заедно со наши познати модни дизајнери, блогери, новинари, стилисти, ќе разговараме за тоа кој допринесува во градењето на модна естетика, свест и трендови во Македонија? Како се селектира и пласира модата кај нас? Улогата на дизајнерите, медиумите, социјалните мрежи, уличната мода во поставувањето на трендови? Дали имаме инфлуенсери и трендсетери? Зошто и покрај многуте извори на информации сè уште сме под влијание на локалниот турбо фолк и кич? Како квалитетната домашна модна сцена да излезе на површина? Ова се дел од прашањата за кои ќе дискутираме на FLExpo.
Нема коментари