• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
новини 0

Sublime Nature Tonka Bean – нов впечатлив, префинет и женствен парфем од „Орифлеим“

Од stylist @StylistMKD · На декември 11, 2017

o.51301

Шведската козметичка компанија „Орифлеим“ својата колекција на премиум-мириси Sublime Nature ја збогати со нов парфем создаден со ексклузивни состојки од страна на парфимерот Натали Лорсон, а после Sublime Nature Tuberose доаѓа Sublime Nature Tonka Bean. Впечатлив, префинет и женствен, новиот ексклузивен парфем на „Орифлеим“ е на база на зрното тонка од Бразил, а е збогатен со ноти на ванила, цимет и бадем.

Монсунските дождови исчезнуваат во далечината, а пладневното сонце го гали брегот и како да го кити со светкав превез. Топлината на зрното тонка станува се поизразена и го исполнува воздухот со кадифен и раскошен мирис. Несекојдневен миг на природата, со модерна префинетост и аура од свежи зачини. Сместен во елегантно шишенце инспирирано од едноставноста и убавината на природата. Возвишен мирис на зрно тонка, добиен со напредната технологија Sublime CO2. Моќен, заводлив и магичен – вака во „Орифлеим“ го опишуваат овој парфем.

Го пробавме новиот парфем на @oriflame Sublime Nature Tonka Bean, впечатлив, префинет и женствен премиум мирис на база на зрното тонка од Бразил и збогатен со ванила, цимет и бадем. Парфемот може да го најдете во актуелниот каталог на @oriflamemk #sublimenature #oriflame #oriflamemacedonia #sublimenaturetonkabean #парфем

A post shared by stylist.mk (@stylist.mk) on Dec 11, 2017 at 4:16am PST

Зошто е толку посебен овој мирис?

Она што е специфично за овој мирис е токму култната состојка. Скапоценото зрно на тонка расте во влажни услови и најчесто мора да се најде по монсуните. Откако неговото семе ќе биде изложено на сонце, неговиот мирис се засилува и во оваа форма зрното тонка е највозвишено. Со помош на напредната Sublime CO2 технологија, одржлив начин на екстракција, можеме да го доловиме мирисот во неговата најсилна форма.

За Натали Лорсон

Креатор на мирисот е познатиот парфимер Натали Лорсон, која работела на парфеми за Ив Сен Лоран, Долче и Габана и за Робето Кавали. Во декември 2016 година таа се закити со највисоката титула во парфимерството – марјстор-парфимер, титула што ја имаат само 12 парфимери во целиот свет. Визионер во светот на парфимерството и креатор на  Sublime Nature Tonka Bean, Натали својата инспирација ја наоѓа во природата и патувањата. Натали го создаде новиот пафем на „Орифлеим“ со екстракција на етички добиено зрно тонка од Бразил и оваа состојка ја стави во центарот на мирисот за да биде најизразена.

39

„Зрното тонка е амазонско богатство што ги открива своите богати страни на ванила, бадем, цимет и карамела. Тоа има длабок и интензивен карактер. За мене беше прекрасно да создадам мирис инспириран од убавината на природата. Sublime Nature Tonka Bean е заводлив, но истовремено и свеж. Има воденесто чувство, но истовремено е и интензивен, женствен и префинет“, вели Лорсон.

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 20 новини

    Во опуштена атмосфера во знакот на Juliette has a Gun, Magnolia Bliss пристигна во нашиот град

  • MNE Spring21_Viking_Hero_Square_001 новини

    CREED Viking Cologne – Mирис кој со себе ја носи свежата, морска атмосфера

  • dm ProClimate (2) новини

    Pro Climate – dm разви производи кои се неутрални за животната средина!

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1hmstella

    H&M ја претставува колекцијата креирана во соработка со дизајнерката Стела Мекартни

    април 17, 2026
  • SAKURA FESTIVAL ПОСТ

    Sakura Festival: Kултурно-едукативен настан инспириран од јапонската традиција ќе се одржи во Скопје

    април 17, 2026
  • ???????????????????????

    Отворањето на 54. Мајски оперски вечери распродадено за рекордни 30 минути!

    април 17, 2026
  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

    април 1, 2026
  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • SAKURA FESTIVAL ПОСТ

    Sakura Festival: Kултурно-едукативен настан инспириран од јапонската традиција ќе се одржи во Скопје

    април 17, 2026
  • ???????????????????????

    Отворањето на 54. Мајски оперски вечери распродадено за рекордни 30 минути!

    април 17, 2026
  • 1 OSCARS o_38572296_1280

    ОСКАРИ 2026: Филмот „Една битка по друга“ апсолутен победник, Џеси Бакли и Мајкл Б. Џордан најдобри актери

    март 16, 2026
  • zizel

    Романтичниот балет „Жизел“ на сцената на Националната опера и балет на 27 февруари

    февруари 19, 2026
  • 1

    „Глумците пеат“ на 24 и 25 март со македонска музика и нови актерски имиња

    февруари 18, 2026

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics