Нутриционистите и љубителите на здравиот живот ја истакнуваат важноста на таканаречената суперхрана во која можеби се крие тајната на младоста, добрата кожа, коса и нокти. Суперхрана не се таблети и суплементи направени во лабораторија, туку билни производи кои содржат огромна количина на витамини, минерали и други корисни елементи. Некои од нив станаа дел од нашата исхрана – чиа семки и акаи бобинки.
Суперхраната има голем број здравствени придобивки. Извор е на витамини и минерали кои позитивно влијаат на функционирањето на сите органи, помага при слабеење и ја одржува младоста – особено за кожата, ноктите и косата.
Суперхраната ја подобрува одбраната на организмот, штити од болести и помага во отстранувањето на токсините. Покрај тоа, суперхраната може да ви помогне да се справите со стресот и да го олесните вежбањето. Но, најневеројатната работа во врска со суперхраната е тоа што содржи огромна количина корисни микроелементи, кои обично е тешко да се најдат во растителната храна.
Затоа суперхраната е многу популарна кај оние кои не јадат месо. На пример, бобинките акаи содржат протеини колку кравјо млеко. Покрај тоа, тие се добар извор на антиоксиданти и затоа имаат одличен ефект врз здравјето на кожата.
Чиа семките содржат многу протеини, влакна и се добар извор на калциум, линоленска киселина и омега-3, што е повеќе од лососот – сето тоа е особено важно за луѓето кои јадат само растителна храна.
Акаи бобинките може да се додадат во смуди или во чинија овесна каша, а од чиа семките правиме здрав пудинг.
Нема коментари