Легендарните манекенки Линда Евангелиста, Синди Крафорд, Наоми Кембел и Кристи Тарлингтон ќе се појават во документарна серија со фокус на популарноста на супермоделите во 90-тите години. Новата серија „Супермодели“ ќе ја раскаже приказната за нивните кариери, режисерка ќе биде двојната оскаровка во категоријата документарци, Барбара Копл, а продуценти се Брајан Глејзер и Рин Хауард (Imagine Documentaries). Серијата ќе се емитува на стриминг платформата Apple TV +.
Супермоделките на своите социјални мрежи ја потврдија информацијата. „Возбудена сум што повторно ќе се обединам со моите пријателки за да го прославиме и истражиме начинот на кој супермоделите ги надминаа традиционалните перцепции и граници на манекенството во модната индустрија,“ напиша Синди на Инстаграм. Додава дека ќе ги истражат диманичните личности и промената во медиумите и културата кои помогнаа да се обликува и дефинира една култна ера.
Синди, Линда, Кристи и Наоми заедно ја затворија ревијата на Версаче за колекцијата есен-зима 1991/92, додека во позадина одеше песната Freedom на Џорџ Мајкл, означувајќи го почетокот на феноменот на супермодел. Подоцна ќе се појават во познатиот видеоспот на истата песна, а заедно со уште неколку манекенки супермоделки во таа декада ќе царуваат на модната писта.
Нема коментари