Една од најнеочекуваните модни соработки сезонава е заедничката колекција на францускиот дизајнер Жан Пол Готје и streetwear брендот Supreme. Здружувањето на луксузна и улична мода резултираше со колекција која што нуди повеќе дизајни – облека, парфеми, ранци, обувки, очила за сонце. За промовирање на колекцијата ангажирана е и Лурдес Леон, ќерката на Мадона, која што пак зад себе има повеќегодишна соработка со дизајнерот Готје. Предлози во капсулната Supreme x Jean Paul Gaultier колекција се панталони со принт, претежно машка облека, бомбер јакни, дуксери и кошули со цветна шара, маици, одела, Vans патики, шарени палта од вештачко крзно и екслузивно издание на Le Male парфемот на Готје.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари