Проектот #Sustainablestorymk инициран од страна на Моден викенд Скопје ја раскажува приказната за одржлив дизајн, употреба на нулта-отпад и покажува како од текстилен отпад се добиваат уникатни креации. Неколку млади дизајнери, Емануела Трајческа, Сара Реџиќ, Ева Зарезанкова, Натали Наумова, Радица Лазова, Катерина Димитровска, Мирјана Јосифоска и Дана Ќосева подготвија капсулни колекции изработени од текстилен отпад, а проектот го комплетираа под менторство на дизајнерката Ирина Тошева и гостинките од Велика Британија – талентираната дизајнерка Ана Скодбо која твори зад брендот „Phannatiq“ и една од водечките британски стилистки Ребека Рој.
Капсулните колекции беа прикажана на осумнаесеттото издание на Моден викенд Скопје, а додека траеше модниот настан, беа снимени видео и фотографии во центарот на Скопје. За фотографиите беа задолжени Ани Дими, за видеото Димитар Петровски, а монтажата е на Марина Трајковска.
Гостинките Ребека Рој и Ана Скодбо кои долго време работат на одржлива мода, на дизајнерите им предаваа за техниките за бавно производство, одржливи ткаенини, сертифициран органски памук, производство на нула отпад, вегански материјали и етички услови за производство. Ребека и Ана се погрижија и за сајлингот на оваа фотосесија.
Целиот проект го реализираше Моден викенд Скопје со несебичната поддршка од Македонско Модно Здружение, Министерството за економија на РМ, Министерството за култура на РМ, Британскиот совет како и партнерите „Текстилното трговско здружение -Текстилен кластер Mакедонија“ во соработка со фабриките „Okitex“, „La dama“, „Bella“, „AFG“ и „Istkomerc Sanda“, „Monika“, Академијата за моден дизајн „Џолев и уметностите“ и „Сивус едукативен и развоен центар“.
Фото: Ани Дими/ Модели: Сара Миленковска, Ива Наскова, Ангелина Китановска/ Стајлинг: Ребека Рој, Ана Скодбо/ Шминка: Јована Коциќ/ Фризура: Станче Кипријанов
Нема коментари