Би Шефер, ќерката на уредничката на американски Vogue Ана Винтур, се венча со Франческо Кароцини, синот на сега починатата уредничка на италијански Vogue Франка Соцани, прво на веселба на Лонг Ајленд на имотот на Винтур во близина на Њујорк, а потоа во Италија. Би и Франческо во Портофино направија втора, црковна свадба, која помина доста умерено и без спектакли, иако станува збор за „кралска“ свадба во светот модата, спој на децата на највлијателните и најмоќните модни уреднички.

Франка Соцани и Ана Винтур, пријателки 30 години и моќни модни. Франка за жал не ја дочека свадбата на Би и Франческо
На свадбата во Портофино, Италија, Би носеше романтичен фустан од Долче и Габана, во бохо–стил и со нежен вез, едноставен, но привлечен изглед дополнет со златни сандали со ремчиња. Франческо се појави во син костум, но брзо се пресоблече во лежерна маичка, фармерки и платнени патики. И двете свадбени веселби беа интимни и без медиумски објави, а изгледот на Би и Франческо едноставен и лежерен, како спротивност на гламурот кој постои во модниот свет на нивните мајки. Во Портофино не ја забележавме Ана, но Би и Франческо се фотографирани со Карла Соцани (сестрата на Франка) и со Лапо Елкан, наследникот на „Фиат“.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари