Кјара Ферањи смени три венчални фустани со потпис на „Диор“ на својата вчерашна свадба со пејачот Федез. Италијанката важи за најпозната и најуспешна блогерка во модниот свет која својот блог го претвори во мултимилионски бизнис, а нејзината свадба во вилата Dimora delle Balze на италијанскиот остров Сицилија привлече огромно внимание.
Ферањи на венчавката прво облече традиционална венчаница со долги ракави, горен дел од тантела, висок околувратник, волуменизиран долен дел и долг шлеп. Подоцна на свадбената веселба се пресоблече во корсетиран фустан со долен дел на кој се извезени стихови што Федез ѝ ги посветил во своите песни, а потоа во краток фустан во помладешки стил. Сите креации се дело на дизајнерката на „Диор“ Марија Грација Кјури и се специјално креирани за Кјара.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари