Австралиската манекенка Шанина Шајк викендов што помина се венча со диџејот Ракас на плажа на Бахамите, а за време на свадбените настани смени три венчаници специјално направени за неа. За забавата пред венчавката таа облече фустан од австралискиот бренд Zimmerman, а брендот ги креира и сите фустани на девериците.
За венчавката носеше фустан од тантела во бохо стил, со спуштени раменици, креација на Ralph and Russo, а свадбената журка помина во мрежест модел со V-изрез од Michael Costello. „Сакав нешто едноставно, бохо и елегантно“, вели Шанина за венчаницата од Ralph and Russo. Ракас носеше смокинг од Том Форд.
Интересно е што венчавката на Шанина и Ракас ја официјализираше Џозеф Симонс, познат како Rev.Run, еден од основачите на Run DMC, кој има функција на министер во протестантската црква.
Свадбата се одржа на островот Елетера, дел од Бахамите, во присуство на најблиските и пријателите од модата, кака на пример колешките од „Викторија сикрет“, Јасмин Туск и Надин Леополд. За свадбата на Шанина се заинтересираа модните списанија Vogue и Brides.
Шанина и Ракас се запознале на музичкиот фестивал Коачела, па не изненадува што и свадбата беше во боемски стил, на плажа, со ручек под шатор и журка на отворено.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари