Младешкиот и урбан стајлинг составен од базични фарнерки и свечен топ претставува комфорна и малку поинаква алтернатива на новогодишниот фустан. Клучниот елемент на овој изглед е екстравагантниот горен дел – блуза без ракави од раскошно кадифе или богато со светки, сатенска блуза со гол грб или проѕирен топ со набрани ракави, романтична блуза од тантела или модел со кимоно крој, вечерна кошула со интересен асиметричен крој или шарена блуза на преклоп. Ова модно парче и кога е во спој со фармерки може да изгледа ефектно и свечено, а целата комбинација дополнително се финишира со сатенски салонки, трендовски чизмички, мала чанта и соодветен накит.
View this post on Instagram
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари