Фустаните и високите потпетици не се единствената опција за вечерен и свечен изглед, на журка или како гостинка на свадба можете да изгледате доволно отмено и во панталони. Спојот на модерно скроени панталони со блуза со може да биде добар избор за некоја поинтимна забава. Посмелите ќе облечат комплет во пижама стил, а некои нема да се откажат од фармерките ни за вечерно излегување (секако, комбинирани со некоја интересна блуза со светки или со отворен грб). Повпечатливи и посвеченисе следниве опции – панталони со пулејки „смирени“ со поедноставна кошула, широки palazzo панталони од брокатна ткаенина или црни софистицирани панталони со килот-крој.
Нема коментари