• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
филм 0

Светска премиера на „Врба“ на Милчо Манчевски на Филмскиот фестивал во Рим

Од stylist @StylistMKD · На октомври 4, 2019

Willow 1

СО СВЕТСКАТА ПРЕМИЕРА НА „ВРБА“ НА ФИЛМСКИОТ ФЕСТИВАЛ ВО РИМ, МАНЧЕВСКИ ОСВОЈУВА НОВА ТЕРИТОРИЈА ЗА МАКЕДОНСКАТА КИНЕМАТОГРАФИЈА

Светската премиера на најновиот игран филм „Врба“ на Милчо Манчевски ќе се случи на Филмскиот фестивал во Рим кој се одржува од 17 до 27 октомври. Премиерата на „Врба“ во Рим е на 19 октомври.

Со „Врба“, македонската кинематографија освојува нова територија: ова ќе биде прв македонски филм што е селектиран во официјалната програма на Римскиот фестивал.

Римскиот фестивал е најмладиот меѓу најелитните 5-6 фестивали во светот, каде свои светски премиери досега имале многу оскаровци. Како и Торонто, и Рим нема награди. Годинава се одржува по 14. пат.

Антонио Монда е уметнички директор на фестивалот, на чие огромно задоволство филмот „Врба“ беше селектиран во официјалната програма.

„Врба“ е во официјалната селекција меѓу 30-на филмови на фестивалот, заедно со најновото остварување на легендарниот Мартин Скорсезе „The Irishman“, како и „Motherless Brooklyn“ на Едвард Нортон, меѓу другите.

Годинава добитник на наградата за животно дело е актерскиот великан Бил Мареј, кому наградата ќе му ја врачи прославениот американски режисер Вес Андерсон. Во Рим ќе дојдат и едни од најзначајните современи филмски режисери како Јапонецот Хироказу Коре-еда и Французите Бертран Таверние и Оливие Асајас.

Willow

Силната селекција на фестивалот во Рим изминативе години е индикатор за идни оскаровци.

Рим се издвојува со моќен црвен ќилим, еден од најмоќните во фестивалскиот свет – најголемите холивудски ѕвезди се редовни гости на фестивалот, каде ги презентираат филмовите, а случувањата на фестивалот се проследени со големо медиумско внимание и во Италија и низ светските медиуми. Гламурот го потенцира и спектакуларната фестивалска палата, дело на легендарниот архитект Ренцо Пиано.

Изминативе години на фестивалот свои светски премиери имаа многу познати режисерски и актерски имиња од Френсис Форд Копола, браќата Коен, Хелен Мирен, Харисон Форд, Мерил Стрип, Кејт Бланшет, Џулиен Мур, до Никол Кидман, Џуд Ло, Хоакин Феникс, Шон Пен, Скарлет Јохансон, Томас Винтерберг, Кжиштоф Зануси, Питер Џексон, Парк Чан-вок, Мајкл Мур, Стивен Содерберг, Ричард Линклејтер, Сали Потер, Дејвид Линч… Мартин Скорсезе и актерската легенда Изабел Ипер мината година добија награди за животно дело.

По тој повод, Горјан Тозија, првиот човек на Агенција за филм изјави:

„Филмот „Врба„ на Манчевски е континуитет на една успешна приказна која на нашата земја и го донесе најголемиот успех. Милчо е македонскиот „билборд“ во светот. Самиот факт што филмот е селектиран на еден ваков престижен фестивал е одличен доказ за тоа“. 

Од освојувањето на Златниот лав во Венеција со „Пред дождот“ во 1994 и номинацијата за најдобар странски филм на Оскарите во 1995, Манчевски со своите филмови за првпат за македонската кинематографија ги отвори вратите на најголемите фестивали како Санденс, Торонто, Токио, Берлин, Сао Пауло, Локарно, Шангај, Хонг Конг, Ерусалим, Палм Спрингс и десетици други…

Willow 2

„Врба“ е шестиот долгометражен филм на Милчо Манчевски. Филм за мајчинство, љубов и доверба. Во филмот игра млада актерска екипа: Никола Ристески, Сара Климоска, Наталија Теодосиева, Ненад Нацев, Камка Тоциновски. Во останатите улоги се Петар Мирчевски, Благој Чоревски, Ратка Радмановиќ, Ана Костовска, Лазе Манасковски, Катина Иванова, Кире Ѓоревски, Адем Карага, Јелена Јованова-Периќ и други.

“По десет години, убаво е пак да снимам тука – во меѓувреме снимив филм во Њујорк, краток филм во Куба и уште еден во Њујорк. Овој пат искуството беше одлично оти имав поддршка во организацијата како никогаш досега. Овој пат работев со одлични продуценти, посветени, чесни, професионални. „Врба“ е приказна за три мајки, филм за лојалност, љубов, мајчинство и доверба“, изјави на конференцијата за печат Манчевски.

Филмот е во продукција на „Банана филм“ и е македонско-унгарско-белгиска копродукција, со учество и на Албанија. Снимањето на филмот траеше два месеци, од крајот на октомври до првата половина на декември 2018 година, низ различни локации на живописниот прилепски регион и на препознатливи локации низ Скопје. Процесот на снимањето на филмот помина во совршен ред, благодарејќи на  професионализмот на целата екипа, и успеа да се сними дури и неколку дена порано од предвиденото.

„Беше навистина сложено да се координираат сите земји копродуценти во филмот, но од друга страна и огромен предизвик. Филмот успеавме да го снимиме дури неколку денови пред предвиденото, тоа е адут дека се работеше крајно професионално и во тивка и беспрекорна атмосфера. Среќни сме што достоинствено ќе можеме земјава да ја претставиме пред светот на претстојниот Филмски фестивал во Рим, Италија“, заклучи продуцентот на филмот Јане Ќортошев.

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • Filmski Predizvik (1) филм

    Нов европски филмски предизвик – освој најмногу поени и отпатувај на црвениот тепих во Кан

  • Emma-Stone-Red-Dress-in-Disney-Cruella-Trailer филм

    Ема Стоун како Круела де Вил – амбициозна дизајнерка со панк-рок стил

  • honeyland (3) филм

    Изјава за медиуми од екипата на „Медена земја”

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • jovana neshova (1)

    Бремената манекенка Јована Нешова позира за насловната на „Моделс ин“

Модна азбука

  • Poncho

    ПОНЧО – префрлена наметка со отвор за глава

    ноември 20, 2020

Видео

  • funk shui

    Слушаме македонска музика: „Не време“ на Funk Shui и гостинката Вера од Љубојна

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 2

    Дајан вон Фурстенберг дизајнира предмети за домот за H&M Home

    април 14, 2021
  • ПРОЛЕТ (3)

    Трендови лесни за носење и аплицирање во вашиот стил

    април 14, 2021
  • 5

    Сината кошула модна класика што ќе ја носиме и оваа пролет

    април 14, 2021
  • lady-gaga-met-gala-2019-red-carpet

    Мет Гала годинава ќе се одржи, но не во првиот понеделник во мај

    април 13, 2021
  • 1

    Scotch & Soda носи смел став кон секојдневното облекување

    април 13, 2021

Убавина

  • PearInc100ml_RVB

    Pear Inc. на Juliette Has a Gun небесен мирис кој предизвикува среќа, позитива и сонце

    април 10, 2021
  • Mixed Emotions cut

    MIXED EMOTIONS – Во ред е да не се биде во ред

    април 6, 2021
  • 1 guerlain

    Mon Guerlain Sparkling Bouquet – мирисот на пенлива радост

    април 2, 2021
  • 1 MAC-Cosmetics-Black-Cherry

    Новата колекција Black Cherry на MAC Cosmetics од денеска во скопската продавница

    март 30, 2021
  • fac

    Геловите за чистење клучен дел од негата на лицето

    март 11, 2021

Живот

  • 2

    Дајан вон Фурстенберг дизајнира предмети за домот за H&M Home

    април 14, 2021
  • FotoJet

    Две супер состојки што треба да ги консумирате – хељда и амарант

    април 12, 2021
  • pilates

    Десетминутен тренинг за стомак, задник и нозе

    април 8, 2021
  • IQOS 3 Duo 3

    Повеќе харизма во личниот стил со помош на додатоци

    март 30, 2021
  • Znakoven Bitola 2

    Радмила од Богданци и Мартин од Битола, лица со оштетен слух го отворија првото знаковно кафуле во Битола

    март 29, 2021

Култура

  • Louvre

    Прошетка низ музејот Лувр од дома

    април 7, 2021
  • Filmski Predizvik (1)

    Нов европски филмски предизвик – освој најмногу поени и отпатувај на црвениот тепих во Кан

    март 24, 2021
  • gordana vrencoska

    Онлајн-промоција на „Македонски визуелен идентитет“ од Гордана Вренцоска

    март 23, 2021
  • ?????????

    Виртуелна промоција на „Букварот на Биби“ денеска во 19 часот

    март 22, 2021
  • DMF_2021

    Отворен конкурсот за учество на „Денови на македонската фотографија 2021“

    март 15, 2021

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања убавина улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics